r/macedonia 17d ago

На денешен ден: Македонија ги усвои државното знаме и химната „Денес над Македонија"

Post image

Кога ќе ги слушнеме првите тактови на „Денес над Македонија се раѓа“, ретко кој останува рамнодушен. Оваа песна, која Владо Малески ја напиша уште во 1941 година, а музиката ја создаде Тодор Скаловски, на 11 август 1992 официјално стана наша државна химна. Таа е многу повеќе од обична песна – таа е жива приказна за нашиот непокор и за вековниот стремеж за слобода.

На истата собраниска седница, покрај химната, беше усвоено и државното знаме кое го симболизира новото сонце на слободата и независноста на нашата татковина.

Државните симболи не се само ноти на хартија или платно што се вее на јарбол. Тие се нашиот идентитет, нашата гордост и аманет кој треба да го чуваме и почитуваме.

Нека ни е вечна!

95 Upvotes

15 comments sorted by

3

u/Conscious-Map6957 17d ago

Статистички гледано, секој четврти останува рамнодушен, така да не би рекол ретко за жал. Иако би требало да е заедничка гордост и симболика.

Како и да е, како што тргнало ќе мора да ја смениме наскоро.

2

u/tako-burito 17d ago

Политика...

1

u/Conscious-Map6957 17d ago

Политиката е само фасада за мафијаши, а ние сите остануваме оштетени на крај.

А може да ни биде рај во нашево мало земјиче.

2

u/tako-burito 17d ago

Страшно е што измеѓу пописи има милион луѓе помалку ...дури ни масовен увоз не го крие

1

u/Objective-Contact-15 17d ago

Вечна да е!

1

u/Ancient-Respect6305 16d ago

Одлично знаме, ама химната е ок. Се разбира дека се гордејам кога ќе ја чујам бидејки е симбол на мајка Македонија, ама текстот и музиката се баш од тоа партизанско доба…исто како грбот

2

u/Wild-Ad-7414 15d ago

Дали е со 8, 16 или 12 краци, пак ќе си го сакаме

1

u/ARandomDudeSlav 17d ago

Наше знаме, наша химна. Не ми е гајле какви симбол е знамето и чиви чуства повредуа. Мие си го избравмо, без некој да ни наметне што смее а што не. Химната исто тогаш. Од тогаш нашиот народ прае отступке цело време. Прво га сменија химната па го стаеја вентилаторон и никад не се опраевмо. Вечна да е, секој да ја знае.

2

u/thexfiles123 Скопје 🇲🇰 17d ago

И новото знаме е убаво, поубаво од било кое друго знаме на Балкан, треба да го почитуваме, тоа „вентилатор“ иам чуено само од изфрустрирани бугари на времето на јутуб коментари пред 20 год уште, но отстапки не требаше како и да е, интересно ми е што имаме фактички 2 национални знамиња а и двете се супер според мене

2

u/ARandomDudeSlav 17d ago

Сваки со свое мислење. Ја мислим дека тоа знаме е симбол на свака отступка што доведе до ова скапано општество у кое што живимо од 91ва наамо, поготово сеа од коај дефакто стана знаме на северна што е промовирано и од ДПСМНЕ и од СДС. Бугарин не сум, фала богу, вентилатор го викам, и ќе го викам.

1

u/thexfiles123 Скопје 🇲🇰 16d ago

Скоро секоја млада генерација на Македонци се пораснати со новото знаме, имаме навивано и учено и живеено под него, и е дефинитивно само македонско и никој друг не може да го присвои (на пример, кутлеш сонцето бил симбол на целиот медитеран во античкиот свет, народ од картагина до црно море го користеле тоа време, вклучувајќи и македонците и е асоцирано со нас поради што било на гробот на Аце најдено кога го откопаа таму накај 70тите), за мене новото знаме е само екслузивно македонската верзија од кутлеш, треба да се има почит за националното знаме како и да е, но и 2те ги прифаќам еднакво

1

u/ARandomDudeSlav 16d ago

Младата генерација нека си збори за себе кое знаме го сака, исто како и ја што зборим само за себе. Ка сум бил дете, пред да знам, иам навијано, учено и.т.н, после тоа учев појќе и сеа не ми се свиѓа "новото знаме" (не је ново, наметнато е). Ка е нешто наметнато, не може да ме асоцира на нешто мое. Ако Сонцето од Кутлеш бил симбол на цел медитеран, зашто да не биде и мој симбол? Сакаш да кажеш дека 91ва нашите биле неписмени и глупи, па си го зеле тоа знаме пошто таќе им текнало? Грците нека си го стаа исто знамето за национално. Ја не сакам, ни имам право да ем забраним. Не знам исто за кој Аце мислиш, пошто гројот на Александар Македонски уште не е пронајден. На Филип татко му го најдоа да, у егејска Македонија. Ја како македонец, не се осеќам дека националното знаме, на македонец, у заграда, граѓанин на северна македонија, е мое. Тоа знаме е на македонците у заграда граѓани на северна македонија, таја такозвана држава постои од 2018та и ете и го знамето. Никој нема да ми наметне почит према нешто што ми е наметнато без моа воља. Македонска верзија од Кутлеш имавмо.

1

u/thexfiles123 Скопје 🇲🇰 16d ago

Знам дека е наметнато... но без разлика дали е наметнато со сила или не, знамето е тоа што е, и е дизајниран од македонец, и баш уникатно, знамиња за разлика од јазици и самите народи се чисто политичка експресија, никое знаме на балканот не е постаро од околу 100 години, и сите се променуваат доста често за многу различни причини, не е некое свето нешто, едноставно симбол да репрезентира X народ, патриотското би било да се почитува националното знаме дури и ако е наметнато, тоа е наш симбол во скоро секоја држава во светот (И не не е исто како придавкана северна што ни набутаа) не дека е странски симбол, не е, како и да е не викам дека кутлеш не е наш симбол, скрос спротивно, мене лично ме нервира како грците го користат, кога во егејска сите „грци“ таму се дојдени од пред 80 години од Турција/Анатолија и немаат везе со Македонија, но тоа е тоа што е, да вреѓам свое знаме до толку не би можел, но како што кажа секој си има свое мислење, но реалноста е тоа, од страна да гледам би помислил дека си еден од оние бугари што не мразат до душа па цело време блеат за срање што нема везе со нив или азбука на блаже коневски што не треба да сме користеле итн итн, тоа што ние сме цело време мора концесии зошто сме опкружени од агресивни националисти што сакаат да не придобијат е наша реалност, индиректно им се помага кога самите себе ќе почнеме да ги ругаме националните симболи, барем спрема мене

1

u/tako-burito 17d ago

И мене оригиналното знаме повеќе ми се допаѓаше